Како да се подобри мирисот и вкусот на вагината

од Vladimir Zorba
3,3K прегледи

Храната и пијалаците кои ги конзумираме секогаш влијаат врз нашата здравствена состојба. Веројатно сте забележале дека по консумирањето на одредена храна потта ви мириса посилно. Тоа е сосема нормално. На пример луѓето кои консумираат повеќе црвено месо имаат и специфична телесна миризба.

Излегува дека една мала промена во диетата, особено пред секс, може да го промени вкусот и мирисот на вагината. Видете која храна е добро да ја консумирате почесто и која е пожелно да ја избегнувате.

Ананас
Следниот пат кога ќе купувате и ви претстои интимна средба, купете си од продавницата свеж ананас. Освен што ги топи мастите, егзотичниот плод дава пријатен мирис и вкус на вагината. Размислете само колку слатко и пријатно мириса ананасот. За да имате таму долу неверојатен вкус, каснете од плодот 3-4 часа пред половиот однос.

Мед
Здравствените придобивки на медот ни се познати. Слаткиот нектар понекогаш е дел од нашите еротски игри. Редовната потрошувачка, особено неколку часа пред секс, може да го подобри мирисот и вкусот на вагината. Ако го јадете во комбинација со свежо овошје, нема сомневање дека ќе се добие саканата свежина.

Сок од боровинки
Сокот од боровинки е одличен за намалување на ризикот од појава на инфекции на уринарниот тракт и слично. Редовната потрошувачка помага да се исчисти вашето тело, да се задржи здрав уринарниот систем, но помага и вагината да мириса пријатно.

Банани
Бананите се еден од најдобрите извори на калиум, кој помага на организмот да се спротивстави на ефектите на храна со висока содржина на натриум. Солените јадења имаат негативно влијание врз циркулацијата, што е важно, кога сакаме да имаме интензивни и редовни оргазми.
Од друга страна бананите имаат прекрасен вкус и мирис. Јадете ги почесто за здрава и  пријатно миризлива вагина.

Јатки
Јатките, лешниците, бадемите… Сите овие корисни јатки се богати со витамин Е, кој е од клучно значење за подобрување на состојбата на вагиналните ѕидови и мускули. Исто така, овој витамин е важен и за добрата хидратација на вагината.

Во прилог суровите ореви имаат прекрасен вкус и мирис, а потрошувачката неминовно ќе се одрази и на тоа како мирисаме таму долу.

Кои храна и пијалаци е добро да ги избегнувате пред секс, бидејќи можат да предизвикаат лош вкус и мирис?

Алкохол – без разлика дали тоа е пиво, вино, виски, алкохолот го менува нивото на Ph и може да се покаже како причина вагината да ја изгуби својата свежина и пријатен вкус.

Лукот, кромид и други јадења со остар мирис , исто така можат да доведат до силен и непријатен вагинален мирис. Кромидот од секаков вид може да влијае и врз нејзиниот вкус. Затоа неколку часа пред секс не го консумирајте.

Аспарагус и брокула – одличен зеленчук, но тој не само што го менува начинот на кој урината ни мириса, но може да се одразат и на мирисот на вагината.

Сирења – со исклучок на јогуртот, кој е богат со корисни бактерии, секакви видови сирења можат да влијаат на вкусот и мирисот на вагината.