Бумот на емисиите на метан кој се забележува во последните 10 години, се заканува да ја компромитира борбата со климатските промени.
Тоа го предупредија експерти во истражувањето објавено во неделата.
“Треба со најголема итност да се пристапи кон мерење и ограничување на емисиите на метан”, апелираат во воведот истражувачите кои го координирале глобалното истражување спроведено од над 80 научници од 15 земји.