ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: 612.000 граѓани гласаа за партиите од опозицијата, воздржаност и разумно однесување

од desk3
109 прегледи


Парламентарните избори покажаа огромна поделеност на граѓаните, при што мнозинството се за промени односно 612.000 граѓани гласаа за партиите од опозицијата.

Изборниот модел, медиумската блокада и партиско медиумската кампања “да не се троши гласот за малите партии и коалиции,”предизвика групирање на гласовите и поделба на истите за власта и против, односно за промени.

Присутните закани и притисоци и клиентелизамот од владејачките партии, беа составен дел на изборниот процес, без механизми за евидентирање и спречување на злоупотребите и кршење на изборните правила.

Слабата поддршка на партиите и коалициите од центарот, даде јасен сигнал, дека сеуште нема простор за демонтажа на „еднопартизамот“, што е диктирано и од тоа што Македонија е поделена на шест изборни единици, а не една која ќе генерира плурална власт.

Демократскиот сојуз, оценува дека нема потреба од натамошно продлабочување на кризата, преку протести и притисоци врз ДИК, туку по прогласување на конечните резултати, да се конституира новиот состав на Парламентот и формира парламентарно мнозинство (од најмалку 62 пратеници) од партиите и пратеници кои се за промени, како предуслов за избор на нова Влада.

За ваквата новонастаната нестабилна состојба одговорност имаме сите, поради што повикуваме на воздржаност и разумно однесување и прифаќање на Платформа за помирување помеѓу левицата и десницата.