[РЕЦЕПТ] Пилешко на француски начин

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Состојки:
половина пакетче путер
4 лажици масло
еден крем – 200 гр
4 мали топени сиренца
300 г пилешко бело месо
5 печурки исечени на кришки

Подготовка:
Пилешкото месо се сече на ситни парченца, како и печурките. Прво се пржи пилешкото месо. Кога ќе се зацрвени, се ставаат и печурките. Кога ќе омекне, се става павлака и топење сирење. Се меша додека не стане како густ сос, па се додава сол по вкус и се сервира топло.