Џиновски “реки во небото” – кои содржат во себе 15 пати повеќе вода отколку реката Мисисипи – буквално може да исчистат различни видови организми, кога ќе падне на земјата огромното количество дожд за краток временски период, предизвикувајќи ги некои од најголемите поплави во светот.
Ова се заклучоците на новиот извештај за прашањето за влијанието на затоплувањето на земјата.
Овој проблем ќе се продлабочува со климатските промени, тврдат научниците. Тие откриле дека 97% од дивите остриги во северниот залив на Сан Франциско умреле во 2011 година, откако врз регионот паднале драматични врнежи предизвикани од временските реки.
Тие можат да ослободат во период од само 10-15 дена такво количество вода, со што се мерат целите годишни врнежи за Калифорнија. Атмосферските реки исто така се поврзуваат и со десетте најголеми поплави во Велика Британија од 1970 година досега.
Кога воздухот се загрева, тој станува способен да задржува повеќе вода, па еден од ефектите на климатските промени е зголемување на врнежите во некои области.
Ова истражување е првото што ги проучува биолошките последици од ставањето на огромни количини свежа вода во еден регион од атмосферските реки. Научникот Брајан Чен од Калифорнискиот универзитет вели дека тоа го покажува еден од начините на кои екстремни настани можат да влијаат на крајбрежните екосистеми. Научниците утврдиле дека речиси целосното уништување на остриги веројатно било предизвикано од приливот на премногу слатка вода во заливот, што ја разредило премногу содржината на сол во водата, за да се справат остригите.
Меѓу октомври 2010 и септември 2011 година во реонот на планината Сиера Невада 20 атмосферски реки прелиле гигантски количества вода, која потоа истекла во морињата.
Публикацијата во списанието Proceedings of the Royal Society B во врска со извештајот предупредува дека воопшто не претставува проблем само за остригите.