Состојки:
250 г брашно
1 јајце
10 г жив квасец
100 мл млеко
100 мл јогурт
20 г шеќер
10 г суво грозје
4 парчиња големи сушени смокви, исечени на парчиња
Подготовка:
Најнапред натопете ги сувото грозје и смоквите за 10 минути во млако млеко. Растворете ги во млекото квасецот, шеќерот и добро промешајте. Во сад расквасете го брашното и додека мешате со вилушка, додадете ги млекото, јогуртот и јајцето.
Мешајте добро, за да се добие густа и леплива смеса. По потреба додадете малку брашно.
Префрлете го готовото тесто врз кујнска површина и намазнете ги рацете со маслиново масло. Месете неколку минути за да се добие мазно и меко тесто. Потоа додадете го сушеното овошје. Оставете го тестото на топло да стаса за околу 1 час.
Потоа оформете го во саканата форма и повторно оставете го да нарасне за околу 30 минути. Печете во загреана рерна на 160 степени околу 40 минути. Со помош на чепкалка за заби пробајте дали лебот е подготвен. Потоа оставете го на собна температура, за да се излади.