Мина Блажев со својата прекрасна изведба на хитот на Каролина Гочева “Бегај бегај“ успеа да си обезбеди директен влез во следниот круг од натпреварувањето на „Пинкови ѕвездички“.

13 годишната скопјанка, настапи во минатата емисија и за многу кусо време од настапот ги испровоцира сите 5 члена на жирито да ги подигнат своите столици и да го дадат својот глас за неа.
Дури и самата Каролина го сподели изутринава нејзиниот настап пропратен со пораката “Браво Мина, ти си наша гордост“.
Како звучеше и изгледаше, погледнете во видеото.