Состојки:
1 и 1/2 кг спанаќ
6-7 компири
неколку страка магдонос
сол, црн пипер
3 јајца
брашно
6-7 двопека
2-3 јајца за валкање на ќофтињата
Подготовка:
Исчистете го спанаќот и попарете го со врела вода, а потоа исечете го на ситно. Кон него се додаваат компирите, кои се претходно сварени и изрендани на големо ренде. Измешајте и додадете ги солта, биберот, сецкан магдонос и јајцата.
Од добиената смеса се обликуваат ќофтиња кои се валкаат во брашно, се дроби двопекот и се меша со јајце. Потоа се пржи во добро загреано масло.