Состојки:
2 страка праз
3 лажици брашно
неколку гранчиња магдонос
црвен пипер и сол по вкус
вода или супа од кисела зелка
масло

Подготовка:
Загрејте го добро маслото и испржете ги во него брашното и црвениот пипер. Додадете го исечениот на кругови праз, магдонос, сол и црн пипер. Откако празот ќе подомекне, постепено додадете вода до добивањето на каша и доварете. Послужете со крцкав леб.
779