Управен не доставил покана за седницата до СДСМ, расправата ја заврши без присуство на тужителот

од desk3
73 прегледи

Судскиот совет во Управниот суд, задолжен да одлучува по тужбата на СДСМ за гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце, со бројни неправилности во гласачкиот процес, ја отворил и завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, во овој случај претставници на Социјалдемократскиот сојуз.

Судскиот совет не достави покана за седницата до подносителот на тужбата, СДСМ, туку несоодветно, известил за одржувањето на седницата по предметот преку интернет, утрото во 09.47 и истата ја одржал само 40 минути потоа. Со тоа е ускратено правото на образложение на тужбата од страна на СДСМ.

Укажуваме дека институциите на системот се должни да работат во служба на граѓаните на Република Македонија, без какви било каклулации во постапувањето и одлучувањето.

Граѓаните избраа промени, избраа демократија, избраа работа на институциите според законите и Уставот и во Република Македонија така ќе се работи.

Интегрален текст од соопштение на СДСМ