Пациентите третирани од жени лекари умираат поретко

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Луѓето кои доаѓаат на интензивна нега по тешки операции или болести, почесто преживуваат и се враќаат, ако се лекувани од жена лекар, а не од маж. “Ова откритие зборува за тоа дека разликите во методите на лекување кои ги практикуваат мажите доктори и жените доктори, можат да имаат огромно значење за опстанокот на пациентите. Откривањето, зошто тоа се случува така, може да ни помогне за да се ликвидира оваа разлика помеѓу мажите и жените “, изјави Јосуке Цугава од Универзитетот Харвард.

Цугава и нејзините колеги стигнале до таков заклучок, проучувајќи како пациентите од речиси сите американски клиники  во првите 30 дена по доаѓањето на интензивна нега колку често  умирале во зависност од тоа дали биле третирани од доктор или докторка.

Тие анализирале 1,5 милиони случаи на примарна хоспитализација на пациентите и аналогно толку број случаи на повторно доаѓање во скоро време за периодот од 2011 до 2014 година.

Овие луѓе биле третирани од околу 58 000 доктори, една третина од нив биле жени. Споредбата покажала дека пациентите на жените лекари умирале поретко отколку на нивните колеги мажи – 11,07% наспроти 11,49% и поретко биле примани повторно во болница – 15,02% наспроти 15,57 %.

Зошто тоа се случува така, научниците во моментов не знаат, но тоа може да биде поврзано со фактот дека жените лекари имаат просек помалку пациенти отколку мажите, и тие обично се млади и образовани. Цугава и нејзините колеги планираат да отворат и други можни причини за ваквите разлики во текот на своите наредни опсервации.