Малтешкиот министер-претседател Џозеф Мускат изјави дека жените и децата биле ослободени од киднапираниот либиски авион во земјата, пренесува AFP. “Првата група патници се состои од жени и деца, и е веќе ослободена”, изјави тој од лична страница на социјалната мрежа “Твитер”.

Ослободени се 52 од вкупно 111 патници на киднапираниот авион од терористи. Првата група која веќе е во безопасност, се состои од 25 лица – главно жени и деца. Неколку минути подоцна авионот го напуштија уште 25 лица.
Претходно денеска патнички авион на компанијата Afriqiyah Airwais -Ербас A320, кој полетал од Либија, беше киднапиран и пренасочен кон аеродромот во Малта. Двајца бомбаши се заканија дека имаат рачни гранати и ќе ги експлодираат во авионот, ако не биде одговорено на нивните барања.
Потсетуваме дека барањата на киднаперите на либискиот авион, кои според различни податоци се еден или двајца, се да се ослободат затвореници во затвори во Либија.