Токискиот аеродром “Нарита” нуди неочекувана нова услуга – таму во јавните тоалети веќе има тоалетна хартија за смартфони.
Новиот додаток е за дезинфекција на мобилни уреди. Тој доаѓа од најголемиот мобилен оператор во земјата на изгрејсонцето NTT Docomo. На хартијата има информации за Wi-Fi мрежите на компанијата и начините за користење на патниците.
Социјалните мрежи во Јапонија реагираа секавично на иновацијата – некои со чудење, други со хумор. Локалниот печат соопшти дека тоалетната хартија за смартфони ќе биде достапна до месец март.
За да ги објасни причините за појавата на новата услуга, на страната на YouTube од NTT Docomo објаснува дека на екранот на смартфонот има пет пати повеќе бактерии отколку на седиштето на тоалетот. А, како што е познато, Јапонија се слави со неверојатно чистите јавни тоалети. Поради што компанијата го рекламира својот нов производ како начин да им се овозможи на странците да патуваат во услови на целосна хигиена.
“Добредојдовте во Јапонија, каде што сè е уникатно договорено. Станува јасно дека вие едноставно не можете да живеете повеќе без предмети, за кои претходно дури не сте си и помислувале ” – се шегуваат на социјалните мрежи.