Продукти:
1 тесто за пица
200 г шунка
200 г кашкавал
1 жолчка
сув розмарин или други ваши сакани билки
Приготвување:
Исечкајте ја шунката на фини мали парчиња, а кашкавалот на кубети. Ставете го тестото за пица на рамна површина. Откачете мала топка од него и раширете ја нежно во својата рака. Ставете по едно парче шунка и кашкавал, завиткајте и оформете топче.
Истото направете го и со остатокот од тестото. Наредете ги топчињата во тави врз хартија за печење во форма на елка. Намачкајте ги со жолчка и посипете со рузмарин. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Послужете со сосови по ваш избор.