[РЕЦЕПТ] Зимска баница со праз

од Vladimir Zorba
391 прегледи

Состојки:
кори за баница
суви пиперки
праз
чубрица
1-2 моркова
масло
вегета / сол по желба
печени семки од сончоглед
сирење по желба
Подготовка:
Исечете на ситно 4-5 страка праз – само зелениот дел, без белиот. Изрендајте еден голем морков или два помали на големо ренде. Исецкајте 2-3 суви пиперки, кои претходно сте ги потопиле за половина час во млака вода.

Во длабок сад ставете 4 с.к. масло и запржете ги празот, морковите и пиперките за 2-3 минути. Додадете ги чубрицата, вегетата и семките од сончоглед.

Од смесата извртете банички. Нема потреба да ги намачкате корите со масло. Печете во умерена рерна за 25 минути.