[РЕЦЕПТ] Салата со сланина, грав и ајсберг

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Состојки:
1 мала конзерва со грав
неколку листови марула
мала глава црвен кромид
250 г сланина

За преливот:
3 лажици мајонез
оцет според вкус
сол и црн пипер

Подготовка:
Во добро загреана тава испржете ја до добивање златна боја исечената сланина, потоа извадете ја и ставете ја на кујнска хартија за да се исцеди од маста. Во сад ставете салата.

Потоа додадете исцеден грав, кромид, магдонос. Прелијте со дресинг промешајте и сервирајте.