Викторија Бекам беше категорична дека Spice Girls е затворена страница во нејзиниот живот, но изгледа минатото сепак ја исполнува со носталгија и таа ги изневери своите зборови. Новата година дизајнерката ја пречека на Малдивите каде ја прослави со поранешната колешка од женската поп формација Мел Си. Разнежнета во екот на забавата, г-ѓа Бекам не се задржа и го грабна микрофонот.
Двете ѕвезди исполнија еден од хитовите на Spice Girls – баладата “2 Become 1”. Иницијативата ја отпочна Мел, која прва го запеа парчето и ја “замоли за помош” од сцената Вики. Двете се прегрнаа и го испеаја хитот од средината на 90-тите.
За жал, сепак, тоа не значи дека г-ѓа Бекам планира да ја обнови својата кариера на пејачка. Останатите дами од Spice Girls веќе многупати изјавија дека таа одбила да се вклучи во концертот на групата, кој ќе ја прослави 20-годишнината од создавањето.
Гери, Мел Би, Мел Си и Ема признаа дека не ѝ се лутат на Вики за одбивањето и сфаќаат колку зафатена е со развојот на модната империја. Тие додадоа дека сите остануваат пријателки и секогаш ќе се поддржуваат.