Состојки:
5 големи домати
4 пиперки – црвени, зелени, жолти
3-4 пилешки копани
2 големи глави црвен кромид
6 чешниња лук
сол, бибер по вкус
4 лажици маслиново масло
4 лажици оцетот
лажичка сув рузмарин
лажичка сушен црвен пипер
Подготовка:
Во тава ставете го исечен на крупно зеленчукот, заедно со пилешките копани (ако се поголеми може да ги исечете на две) и неколку цели чешниња лук. Додајте зачини, маслиново масло и оцет. Добро промешајте со раце. Печете во загреана рерна на 180 степени до подготвеност на месото.