За првпат астрономите успеаја да локализираат со точност извор на еден криптичен вселенски феномен – т. н. “Брзи радиоимпулси” / FRB (Fast radio burst) /.
Тој се наоѓа во една галаксија џуџе на повеќе од 3 милијарди светлосни години од Земјата.
Брзите радиоимпулси се високоенергичен феномен. Претставуваат моќни и кратки радио емисии со времетраење од неколку милисекунди, но со огромна енергија. Таа е еднаква на енергијата што нашето Сонце го емитува за илјадници, па дури и десетици илјади години. Овој феномен е откриен во 2007 година.
И оттогаш предизвикува силен интерес кај астрономите ширум светот кои се обидуваат да разберат што се крие зад него. До моментов се пресретнати само 18 FRB.
Минатата година, научниците открија дека еден од нив се повторува, но нерамномерно. Тој е откриен во ноември 2012г од радиотелескопот “Аресибо” во Порторико. Досега овој FRB е пресретнат само со телескопи со помала резолуција. Сега, благодарение на телескопи со повисока резолуција, успеавме да прецизираме од каде доаѓа.