
Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, соопшти денеска директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.
– Во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го има натфрлено за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата – рече Мицкоски и додаде дека деновиве, откако земјата е зафатена со студен бран, потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во споредба со истиот период минатата година.
Мицкоски истакна дека АД ЕЛЕМ во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети кои работат, а оти хидроелектраните се во резерва. Доколку дојде до зголемување на потребите на потрошувачите, компанијата ќе ги ставени во функција и ќе хидроелектраниците за да одговорат на потребите на потрошувачите.