Бред Пит направи изненадувачка појава на наградите “Златен глобус” вчера вечерта и неговите колеги од Холивуд избувнаа во искрен и долг аплауз.
На овој начин топ актеорите во САД покажаа дека се на страната на убавиот Бред во јавниот и озлогласен развод со Анџелина Џоли, која си остана аутсајдер во светот на киното.
Пит изгледаше уморно и истормозено во последниве месеци, во кои се претвори во кошмар разделбата со мајката на шесте негови деца.
На церемонијата во неделата, сепак, 53-годишниот Бред се обиде да изгледа видливо добро и дури ја покажа мултимилионската насмевка на публиката.
Мет Дејмон, Винс Вон и Рајан Рејнолдс вистински се трогнаа кога го видоа Бред на сцената, а тој изгледаше видно изненаден од неочекуваната поддршка.
Пит се појави за да го претстави филмот ” Месечината “, кој доби “Златен глобус” во категоријата драма, на кој тој всушност е извршен продуцент.
Џоли поднесе барање за развод со Бред на 19 септември, обвинувајќи го дека малтретира некои од нивните деца, како последица на употреба на алкохол и марихуана.
Ѕвездата дури беше под истрага од страна на вработените на ФБИ по обвиненијата за физичко малтретирање.
https://www.youtube.com/watch?v=k-oi_A3JjYc