[РЕЦЕПТ] Компир салата со кромид и мајонез

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Состојки:
1 кг компири
1 глава црвен кромид
50 мл масло
50 г мајонез
50 г павлака
2 лажици оцет
сол
црн пипер
2-3 страка свеж копар
2 страка свеж магдонос
1 страк лук
1 лимон за цедење
Подготовка:
Исечете ги компирите на коцки и за да се сварат така полесно. Однапред посолете ја водата и додајте една лажица масло. Откако ќе се свари исцедете ја водата и ставете ги компирите во соодветен сад.

Исцедете лимони врз нив. Додадете ги оцетот, биберот, ситно сецкани свежи зачини.

Измешајте крем со мајонезот и промешајте. Додадете го и компирот. Добро промешајте ја целата салата. Конечно додадете и ситно сецкан кромид.