Состојки:
3 јајца
1 кофичка кисело млеко
1 прашок за пециво
50 мл масло
2 и 1/2 чаши брашно
150 г сирење
100 г салама
100 г кисели краставички
малку сол
малку црн пипер
Подготовка:
Изматете јајца. Измешајте ги прашокот за пециво и млекото, оставете да се соединат па додадете ги јајцата. Промешајте. Ставете го брашното во него, сол и зачини. Промешајте. Додаде го маслото и малку вода, ако се добие густа смеса. Ставете и салама и кисели краставички, како и ситно искршено сирење. Промешајте со дрвена лажица.
Се добива густа смеса. Намачкајте и набрашнете калап за торта. Истурете ја смесата рамномерно.
Печете на 180 степени околу 40-45 минути. Кога ќе почне да се запекува одозгора, покријте со фолија и допечете. Обидете со чепкалка, но тоа е малку ризично, бидејќи смесата е тешка и изгледа малку влажна, може да ви пропадне. Затоа е убаво да се консумира, откако е целосно изладена тортата.