[РЕЦЕПТ] Похован карфиол

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Состојки:
1 кг карфиол
1 чаша масло
4 јајца
100 г пармезан
2 лажички универзални зачини по избор
1 чаша лебни трошки

Подготовка:
Сварете го карфиолот во солена вода да омекне. Потоа разделете го на мали розички. Во сад измешајте ги лебните трошки со пармезан и зачини. Јајцата измешајте  ги во друг сад.

Потопувајте ја секоја розичка карфиол прво во јајцата, потоа во смесата со трошки.

Загрејте масло во длабок сад и пржете додека карфиолот потемне.