СДСМ: Ништо повеќе не зависи од волјата на Груевски и криминалците во ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
73 прегледи

„Новата одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија ќе ја укине радиодифузната такса. Ништо, па ни ова повеќе не зависи од волјата на Никола Груевски и на криминалното раководство од ВМРО-ДПМНЕ коешто ги уништи граѓаните на Македонија.

Логично е на криминалната власт во заминување да не и е јасно како може МРТ да се финансира од Буџетот и до други приходи, наместо граѓаните да плаќаат сметки за радиодифузна такса. Оваа власт во заминување единствено знае како да им краде и затоа едиствен успех и се украдените 5 милијарди евра на сметки на фамилијата во странство, на сметка на над 500.000 осиромашени во земјава.

Затоа граѓаните избраа промени и нова одговорна Влада којашто ќе води реални политики за нивните реални потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.