
Неуките експерти на СДСМ тотално промашуваат кога станува збор за вклучувањето на ТЕЦ Неготино. Вистината е дека, според цената на мазутот, таквата струја произведена на мазут би била многу поскапа од увезената која е купена на берза, изјави на прес-конференција Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Митко Андреевски од СДСМ за цената на увезената струја.
Тој истакна дека „безобразно е СДСМ да критикува за ТЕЦ Осломеј, кога токму во нивно време, оваа термоелектрана беше оставена без грам јаглен и без било каква можност за ископ на потребните ресурси.“
– За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи за подобрување на енергетската слика на Македонија, така и ќе продолжи и во иднина со реализирање на бројните мерки и проекти предвидени со досега најобемната програма „Реално“ – додаде Манчев./Мета