[РЕЦЕПТ] Лесна торта со чоколаден крем

од Vladimir Zorba
817 прегледи

Состојки:
За тестото:
2 чаши млеко
2 чаши брашно
1/2 чаша шеќер
6 лажици какао
1 лажиче прашок за пециво
За кремот:
2 чаши млеко
1 чаша шеќер
3 лажици брашно
1 јајце
1 млечно чоколадо
Подготовка:
Во сад се комбинираат сувите состојки и се мешаат. Додавајте го постепено топлото млеко. Добиеното тесто се става намазнена и набрашнена тава и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Оставете готовата кора да се олади добро.

Во тоа време подгответе го кремот со тоа што ќе го истурите во мало тенджере млекото и го оставите да се загрее добро. Изматете го јајцето во сад со шеќерот и брашното и додадете го во топлото млеко. Мешајте постојано, на бавен оган, за да може јајцето да се хомогенизира во смесата. Кога ќе се добие хомогена смеса може да додадете и кршено чоколадо.

Оладената кора се сече на две и половините се лепат со кремот. Од него треба да ви остане и за премачкување на тортата од надворешната страна. Конечно украсувете со свежо овошје или друго по ваш избор.