
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со Амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер со кого разговарал околу политичката ситуација во земјата и очекувањата од создавањето на новата влада по изборите.
„Ахмети ги објасни опциите за кои во ДУИ се развива отворена и конструктивна дебата, тие вклучуваат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка владина коалиција, да останат во опозиција како и повторување на изборите“, велат од ДУИ.
Ахмети ја нагласил потребата за поддршка од Германија во евроатланската интеграција и за развивање на реформите во земјата. Лидерот на ДУИ истакнал дека албанскиот јазик, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ ќе останат апсолутен приоритет за ДУИ./Meта