[РЕЦЕПТ] Солени мекици со сирење

од Vladimir Zorba
939 прегледи

Состојки:
500 г брашно
2 јајца
200 г сирење
½ коцка квасец
200 мл вода
½ чаша јогурт
сол
1 чаша масло
Подготовка:
Растворете квасец во вода и малку брашно. Промешајте и оставете да нарасне. Кон него додадете јогурт и јајца. Откако ќе се размеша додадете го и останатото брашно и повторно добро промешајте со лажица. Ќе се добие меко и растегливо тесто. Во меѓувреме искршете го сирењето или изрендајте го (подобро е да е кршено).

Откинете крупни парчиња од тестото и со помош на рацете измешајте со помалку од сирењето, па да не навлезат сосема во тестото. Потоа оформете со раце мекица и пржени во загреаното масло во длабок сад на средна температура.

Направете го ова со сите мекици. Послужете ги мекиците однапред исцедени врз кујнска хартија.