ВМРО-ДПМНЕ: Лаги и клевети се информациите дека партијата испрала 55 милиони евра во Центар

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Службата за односи со јавност на Општина Центар излезе со груби лаги и клевети против ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинувајќи ја партијата за наводно испрани 55 милиони.

Со ваквите измислици и клевети намерно се нанесува штета на угледот на партијата и се дезинформира јавноста.

Веруваме дека нема да биде проблем одговорните во прес службата на Општина Центар да ја платат казната бидејќи сме убедени дека клеветите со кои ја дезинформираат јавноста, ги испраќаат по наредба на нивниот претпоставен за кого јавноста можеше да се увери дека е прилично добро финансиски ситуаиран и дека голем дел од своето време го минува на скапи дестинации надвор од Република Македонија, наместо да ја врши функцијата за која што беше избран од страна на граѓаните, регираат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на Општина Центар.