“Епл“ поднесе тужба од 1 милијарда долари против производител на чипови

од Vladimir Zorba
58 прегледи

“Епл” поднесе тужба против производителот на чипови “Куалком”, откако владата на САД исто така покрена обвинение против него за нелојална конкуренција и злоупотреба на влијание при обезбедувањето на чипови за мобилни телефони. Во тужбата  гигантот во производство на електроника и компјутери ја обвинува компанијата “Куалком” за воведувањето на неоправдано високи цени на производите и за одбивањето да ги плати ветените 1 милијарда долари попуст при нарачка на чипови.