[РЕЦЕПТ] Крем бруле со ванила

од Vladimir Zorba
930 прегледи

Состојки:
4 јајца
600 мл млеко
50 г кафеав шеќер
1 чаша течен кондиторски крем
1 течна ванила
Подготовка:
Поделете ги жолчките од белките. Во тенџере измешајте ги свежото млеко и шеќерот. Ставете го на тивок оган млекото да се загрее, додека шеќерот се стопи целосно. Промешајте ги жолчките со миксер во посебна чаша. Дотурете кон нив павлака и измешајте со миксер.

Откако сте ги изматиле јајцата со павлаката, многу бавно истурете ја оваа мешавина во млеко, за да не се зготват јајцата. Мепајте постојано. Во меѓувреме, додадете и ванила. Откако сè е добро измешано распоредете ја смесата во соодветни за крем бруле керамички чинии.

Печете во загреана на 150 степени печка околу 30 минути. Препорачливо е да печете на послужавник со вода, за да се зголеми влажноста во рерната. Печете додека кремот бруле фати кафеава коричка. Извадете од рерна и изладете целосно.
Пред да го сервирате кремот посипете со уште малку кафеав шеќер и гратинирајте повторно во рерната за постигнување на бруле ефектот. Ако имате пиштол на гас за карамелизирање уште подобро!