“Гугл” укинал над 1,7 милијарди реклами во 2016 година, од кои поголемиот дел биле спонзорирани линкови, банери и носители на лажни информации.
Тоа е двојно зголемување во споредба со претходната 2015 година. Според информациите на “Гугл” два клучни фактори доведоа до драстично зголемување на избришани реклами од пребарувачот.
Едниот од нив е продолжение на спроведувањето на политиката за отстранување на рекламни пораки. На пример, во мај таа поведе војна против измамнички шеми за попривлечни навидум брзи кредити. Како резултат беа блокирани речиси 5 милиони реклами кои промовираа хипотеки и студентски кредити, кредитни картички и друго, а против близу 8 000 сајта кои нудат слични услуги беа “преземени дејствија”. Од компанијата сè уште одбиваат да дадат информации што точно биле тие.
Од екипата на најголемиот пребарувач во светот прецизираа уште дека не сите од овие 1, 7 милијарди реклами достигнале воопшто до интернет просторот. Многу од нив биле отфрлени како легитимни уште во текот на процесот за одобрување, кој вклучува проценка и на компјутер, и на човек. Токму на комбинацијата од технологија и човечки ум компанијата го должи падот на таков голем број на рекламни пораки.
Од “Гугл” прецизираат дека човечката проценка е најпосакувана во случаите во кои станува збор за таблоидите озборувања и лажни вести, бидејќи барем засега човечкиот ум ја забележува подобро измамата со информации во нив.
Другите видови отстранети реклами влегуваат во категориите “погрешните фармацевтски лекови” (нелегални производи, неточни или лажни здравствени тврдења, билни и додатоци во исхраната со неодобрени фармацевтски состојки федерално неодобрени производи на пазарот, претставувани како безбедни или производи кои се презентираат за други. Во многу земји, исто така, “Гугл” забранил рекламирање на абортусот поради конкретното државно законодавство. 68 милиони слични пораки биле отстранети од пребарувачот), “слабеење” (биле погодени 80 милиони реклами и 47 000 страницисо лажни податоци и методи за слабеење) и “селфкликинг АДА” (реклами во кои се генерираат кликови од самите создавачи. 23 000 слични биле блокирани).