Автомобилското производство во Англија постигнува рекорд по 17 години

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Производство на околу 1,7 милиони автомобили во Англија само за изминатата година поставува рекорд за прв пат по 17 години. Недостатокот на безбедност во економскиот сектор по “Брекзитот”  сепак доведе до пад  од речиси половина во инвестициите, наведува Асоцијацијата на производителите и трговците на моторни возила (SMMT).

“Сакаме трговски договори, но тие треба да се точни, а не само избрзани одлуки”, изјави извршниот директор на асоцијацијата Мајк Хаус, додавајќи дека една грешка може да има фатални и неповратни последици врз автомобилското производство во Британија.

За изминатата 2016 година произведените близу 1,7 милиони коли претставуваат зголемување од 8,5% во однос на претходната, а извозот достигна рекордни 1, 35 милиони.