Jaпонски научници одгледаа орган за едно животно во друго

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Јапонски научници за првпат во светот успеаја да ги одгледаат здрав орган од индивидуални плурипотентни матични клетки (iPS) на едно животно во телото на претставник на друг вид, соопшти Телевизискиот канал NHK.

Научниците од Токискиот универзитет одгледаa панкреас од iPS клетки на глушец во телото на стаорец. Потоа се имплантираше одгледаниот орган кој влијае на синхронизираното лачење на инсулин во телото на болен од дијабетес глодар.

Тоа подобрило голем број индикатори кај болното животно, особено регулирањето на нивото на гликоза во крвта.

Научниците веруваат дека успешниот експеримент открива огромни можности за одгледување на човечки органи во телото на животните. Но, според шефот на истражувачкиот тим проф. Хиромицу Накаути за целта треба да се решат голем број етички прашања и да постои разбирање кај луѓето.

Во 2006 година професорот од Кјото Сина Јаманака прв доби матични клетки од обична човечка  кожна клетка. Откритието го доби името индуцирани плурипотентни (повеќефункционални) матични клетки (iPS) кои можат да создадат клетки од различни органи.

Експериментот дозволи одгледување на ткива и органи од сопствени клетки на пациентот, кои ќе ги заменат оштетените или изгубени поради болест или повреда. За ова откритие Јаманака ја доби Нобеловата награда во 2012 година. За 10 години, научниците успеаја да “создадат” клетки од различни органи. Главниот проблем сепак е ризикот од развој на рак.