Состојки:
2 модар патлиџан
2 црвени пиперки
2 кисели краставички
2 домати
3 чешниња лук
50 мл маслиново масло
½ врска магдонос, ситно сецкана
½ лимон за стискање
сол
црн пипер
Подготовка:
Исцедете лимони. Измешајте сок со маслиновото масло и лук, кој претходно сте го истолчиле или исечкале. Добро промешајте. Зачинете со зачини. Оставете го сосот настрана.
Запечете ги модриот патлиџан и пиперките, но само за малку, додека омекнат. Тргнете ги и исечете ги на ситни парчиња. Ставете ги во сад, а потоа измешајте ги. Исечете кисели краставички и домати. Додајте ги и нив. Промешајте го зеленчукот заедно со подготвен сос. Наситнете го магдоносот и посипете ја салатата.