
Испраќаме јасна порака до сите македонски партии, кои претендираат да состават влада, да не подлегнуваат на притисоци и закани и секогаш на прво место да им бидат македонските национални интереси – се вели во денешното соопштение на Семакедонскиот национален совет – Македониум.
Од таму порачуваат дека, македонскиот народ не смее повеќе да дозволува странските агенди да го растураат нашето национално ткиво и мора јасно да им се каже на сите дека постојат граници до каде може да се оди и дека повеќе од ниту еден Македонец по род, нема да толерира атакување на македонските национални интереси.
Секој еден, кој ќе се дрзне заради доаѓање на власт да тргува со интересите на Македонија и македонскиот народ, јавно, ќе биде прогласен за предавник на сопствениот род.
„Ги повикуваме ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да седнат на заедничка маса, да ги надминат разликите и, во името на Македонија, да состават македонска влада – техничка, или експертска и приоритет на истата да биде организирање на попис, пред да се спроведат избори заради надминување на кризата“, стои во соопштението.