[РЕЦЕПТ] Печен црн дроб со кромид

од Vladimir Zorba
878 прегледи

Состојки:
½ кг свеж црн дроб
1 кромид
црн пипер
сол
50 мл масло
Подготовка:
Исечете го црниот дроб на крупни парчиња. Извалкајте ги во зачините. Наредете во намачкана со масло тава. Исечете го кромидот на тркалца и редете го врз дробот. Печете на средна температура околу 40 минути. По потреба покријте со фолија, за да не загори. Можете да го испечете дробот и на скара како го увиете заедно со зачините и маслото во фолија.