Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест одлучија да создадат заедно модна линија за мали деца под името Yeezy.
Како модел за облеката ТВ ѕвездата ја користела сопствената ќерка Норт.
Двојката прикачи и видео во социјалните мрежи, на кое се гледа како девојчето е во фустанче со монистра, кое ја менува бојата во зависност од светлината. Исто така малата Норт носи и жолта јакна.
“Проверете некоја од детските облека, над кои работеле мама и тато” – се пофали Ким во снимката. Ѕвездата изјави дека Норт сама избрала бои и материјали за облеката.
Всушност Ким не за прв пат се испроба во модниот бизнис. Таа и нејзините сестри се занимаваа со линијата “Kardashian Kids” во 2015 година.
Кание исто правел детска облека, и приспособил за Норт дел од својата колекција за “Adidas”.
Сè уште не е јасно кога новите алишта ќе бидат пуштени во продажба.