Ќе мора да одговори Миноски за што во 2016 ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно!

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

 

Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски , ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година, соопшти СДСМ

Тоа значи дека секој месец од 2016, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра!

Со 40 милиони евра, за само еден месец ќе можеа да се изградат 133 градинки во Македонија!

Ако власта во заминување на ВМРО-ДПМНЕ штедела за граѓаните, како што Груевски знаел да штедел на личните штедни книшки за шест месеци и износот од 240 милиони евра ќе се изградеа најмалку 3 нови клинички центри во Македонија!

Со целото задолжување од 484 милиони евра ќе беа изградени Чебрен и Галиште, со што Македонија немаше да биде зависна од најскапиот увоз на струја оваа зима, а граѓаните немаше да плаќаат високи сметки за струја.

Поради сето ова итно е потребна нова Влада што ќе води реални политики според потребите на сите граѓани на Македонија.

Ќе има одговорност за сите злоупотреби на парите и на интересите на граѓаните, се вели во соопштение на СДСМ