
Дежурните самопрогласени интелектуалци и платеници на СОРОС не треба да стравуваат, ВМРО-ДПМНЕ не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ откако група македонски интелектуалци испратија писмо со поддршка до амбасадите на САД и ЕУ.
Во партиското соопштение ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе ја продолжи комуникацијата и соработката со амбасадорите, а изразувањето на негодување и различно мислење постои и во државите од каде потекнуваат амбасадорите.
„Нашата цел останува членството во ЕУ, НАТО и почитување на делкарацијата за стратешко партнерство со САД во 2008 година“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.