ВМРО-ДПМНЕ реагира на морбидните објави на социјалните мрежи

од desk2
72 прегледи

Морбидната објава на социјалните мрежи на слика на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕНикола Груевски е прикажан како мртов,  е говор на омраза и срамно и ниско ниво на комуникација се вели во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека таквиот срамен говор на омраза од страна на членови и активисти на СДСМ треба најостро да бидат осудени и санкционирани.

„СДСМ во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото некролошко однесување на членовите на сдсм и очекуваме дека во најбрз можен рок ќе реагираат институциите“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.