Најсоодветниот час за секс е 9 наутро во недела, покажува анкетата со учество на 2.000 лица.
Анкетата беше спроведена по нарачка на компанијата Superdrug. Најретко луѓето имале секс во 9 вечерта во вторник. Најпопуларниот ден за интимност останала саботата. Овој ден анкетираните имале секс во 10:30, 11:30 и 23:30 часот.
Друг популарен час за телесните наслади е 22:30 во петокот. Специјалисти открија дека сексуалната желба е најсилна во текот на летото. Две третини од испитаниците признаа дека тоа е сезоната за секс. 16% сметаа дека оваа сезона е зима, 14% пролетта и 4% есента.
Алкохол пред секс често користеле 22% од испитаниците. Во исто време 60% не го сметаат алкохолот за важен атрибут од предиграта или играта. Најчесто сексот бил претходен од романтична вечера. Многумина гледале телевизија, едноставно си зборувале, биле во локал или пак се забавувале со пријателите.