[РЕЦЕПТ] Шницла од мелено месо со печурки, кромид и вино

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Состојки:
½ кг мелено месо
300 г печурки
1 кромид
¼ чаша доматно пире
2 лажици брашно
100 мл бело вино
1 страк свеж магдонос
1 голема коцка путер
Подготовка:
Замесете го меленото месо со зачини. Загрејте половина коцка путер во тава на средна температура и пржете ги оформените шницли. Откако ќе фатат златна коричка тргнете ги од топлина. Во истото масло пржете исечени кромид и печурки. Промешајте постојано и откако печурките и кромидот ќе омекнат истурете ги виното и доматното пире. Ако е премногу густо налејте и малку вода и промешајте.

Оставете да се готви така за неколку минути. Одделно во чаша измешајте брашно со малку вода, за да се добие каша. Кон него додадете го останатото масло, однапред да се стопи. Добро промешајте. Откако ќе почне да се згуснува, истурете го кај печурките и кромидот. Мешајте уште неколку минути, а потоа прелејте ги шницлите со добиениот сос. Пред да сервирате, посипете со сецкан свеж магдонос.

Како гарнир можете да сервирате и пире од компири.