Интегрално го објавуваме соопштението од СДСМ:
![sdsm-logo[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/07/sdsm-logo1.jpg)
„Пред две години, точно од овој ден, кога беше објавена првата прес конференција од проектот Вистината за Македонија, граѓаните лично и слушнаа каква неодговорна, несовесна, криминална власт демнела врз нив и управувала со нивните животи, наместо да се грижи за нивните реални потреби.
Поради тоа 9 февруари 2015 година ќе остане светол датум во политичката историја на Македонија, но и во регионални и светски рамки, како порака дека нема бегање од вистината и дека не постои некој кој е недопирлив за правдата.
Чесни и храбри граѓани, на мирен и достоинствен начин, предавајки ги материјалите од скандалозното прислушување, ги симнаа маските на режимската власт. Огромно мнозинство одговорни граѓани со пенкало и глас на 11 декември избраа живот наместо режим.
Затоа, власт како досегашната на Никола Груевски не смее повеќе никогаш да и се повтори на Република Македонија.
Граѓаните избраа нова одговорна Влада и само таква влада носи живот за сите во Македонија и перспективи на државата“, се наведува во соопштението.