Што ли прават сите во недела наутро? Часот е 9:00, дали спијат? Веројатно станале за утринскиот тренинг или да прават палачинки … Никако. Британски научници сметаат дека во утрото на последниот слободен ден луѓето имаат претежно секс.
Според ново социјално истражување спроведено во Велика Британија по нарачка на козметичка компанија неделната утро е најчесто користениот момент за водење љубов.
Социолозите стигнале до овој заклучок откако спровеле анкетна студија меѓу 2 000 возрасни. Камен-темелник на истражувањето бил што партнерите претпочитаат повеќе: утринскиот или вечерниот секс?
Со изненадување ќе откриете дека најпосакуваниот миг за љубовна гимнастика всушност не е петок вечер. Според податоците на британските социолози, најљубовниот ден е недела, следен од саботата. Петокот очигледно заостанува.
Топ 10 најкористените денови и часови за интимни моменти:
1. Недела 9:00
2. Сабота 22:30
3. Сабота 23:30
4. Петок, 23:30
5. Сабота 10:30
6. Сабота 11:30
7. Петок, 22:30
8. Сабота 23:15
9. Сабота 21:30
10. Недела, 21:30
Објаснувањето на научниците за резултатите од анкетата е дека за време на викендите луѓето се со поподигнато расположение.
Покрај најпогодните, социолозите ги прикажуваат и најмалку веројатните денови и часови за секс.
Топ 10-најнепретпочитаните денови за игри на чаршафи се:
1. Понеделник 16:45
2. Понеделник 15:00
3. Вторник, 17:30
4. Вторник, 21:00
5. Вторник, 20:00
6. Четврток 13:30
7. Понеделник 8:00
8. Среда 7:30
9. Петок, 17:00
10. Сабота 17:00
Авторите на истражувањето коментираат дека интимниот живот на човекот стана исклучително предвидлив. “Во моментов има ризик половиот однос меѓу партнерите во една врска да стане досаден, поради тоа што тогаш оди речиси по распоред, наместо да се потпира на спонтаност и страст”, коментираат истражувачите пред Cosmopolitan.