Состојки:
300 г исчистени ракчиња
1 зелена салата
2-3 страка зелен кромид или една глава црвен
сол, бибер по вкус
1 голем домат
1 малку авокадо
1 лажиче лук во прав
1 лажиче суво оригано
1 лажиче мелен ким
неколку страка коријандер
1 лимета
масло
Подготовка:
Во добро загреана тава со малку масло ставете исчистени ракчиња. Кон нив додадете сол, бибер, ким, оригано, лук во прав. Добро промешајте.
Исечете една голема зелена салата, ставете ја во сад и кон неа додајте ги готовите ракчиња, сецкани домати, лута пиперка, кромид, сецкано авокадо. Зачинете со сок од лимон и сол по вкус. Промешајте и сервирајте.