[РЕЦЕПТ] Полнета кокошка со кисела зелка

од Vladimir Zorba
946 прегледи

Состојки:
1 кокошка со внатрешни органи
3 глави кромид
1/2 ч.ч.ориз
4 лукчиња
100 г претходно натопено во вода суво грозје
околу 1-1 и 1/2 кг кисела зелка
масло
сол, црн пипер
црвен пипер
масло
Подготовка:
Кокошката се мие добро, а внатрешноста се  вари во солена вода. Во тенџере загрејте масло, динстајте исечен кромид заедно со лукот. Додајте кон нив изимен ориз и варената внатрешноста. Потоа ставете од супата, во кој сте ја свариле внатрешноста.

По 5-10 минути додадете суво грозје, сол, црн пипер и сецкан магдонос. Гответе додека оризот ќе стане половина готов. Исечете ја киселата зелка и запржете ја во малку масло. Кога ќе поомекне, ставете ја во тава и ставете ја врз неа наполнетата и зашиена кокошка. Намачкајте ја со масло и посипете со црвен и црн пипер.

Прелијте во садот помалку од супата или вода и малку зелков сок. По желба додадете и неколку лути пиперки. Покријте го садот со фолија и печете на 200 степени до подготвеност на месото. Околу 15-20 минути пред да го извадите садот од рерна, отстранете ја фолијата за да фати кокошката златна кора.