Вегетаријанска ќофтиња од леќа

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Состојки:
2 чаши леќа
3-4 јајца
50 г брашно
чубрица
1-2 прстиња сол
1-2 прстиња црн пипер
лебни трошки
Подготовка:
Сварете ја леќата. Важно е да се свари добро, за да започне да добива облик на каша. Потоа исцедете и префрлете во друг сад. Зачинете со зачини и добро промешајте. Измешајте ја со брашното и со раце обликувајте ќофтиња. Секое од ќофтињата извалкајте ги во лебни трошки. Испржете ги ќофтињата од леќа во масло во длабок сад. Откако ќе се подготвени исцедете ги врз кујнска хартија.