Платформата на албанските партии е значајна за Македонија, му порача Касами на Тимоние

од desk2
84 прегледи

Претседателот на БЕСА, Билал Касами денеска на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека платформата на албанските партии во Македонија е една многу значајна точка со која Македонија може да се врати на патот на евроинтеграциите.

Како што соопштија од Беса, на состанокот бил повторен ставот дека е време партиите да смогнат сили за имплементирање на реформите кои произлегуваат од Извештајот на Прибе, како и сите други потребни промени кои се за доброто на граѓаните.

Касами и Тимоние се согласиле дека вакви пријателски состаноци треба да продолжат и во иднина.